Овој природен лек се препорачува кај луѓе кои имаат проблеми со црниот дроб. Иако црниот дроб како орган не појавува директни симптоми изразени со лоцирана болка или иритација, неговата нарушена функција може да биде изразена преку промени во кожата, урината или столицата, болки во стомакот и замор.

Црниот дроб е витален орган кој е неопходен за здравјето на човековиот организам. Тој помага во варењето на храната, исфрлувањето на токсините од телото и апсорпцијата на хранливите материи кои му се потребни на телото за да преживее.

Ви претставуваме природен лек кој ќе ја подобри функцијата на црниот дроб. За подготовка потребно е:

  • 2кг. црни сливи
  • 5л. вода

Сливите се чистат и им се отстрануваат стеблата, се потопуваат во длабок сад со вода и се оставаат да преноќат, наутро во сад на оган се истура нова вода и се додаваат сливите. Се остава водата да зоврие по што се отстранува таа вода и повторно се додава нова. Откако повторно ќе зоврие водата, садот се повлекува од оган. Кога смесата е веќе изладена, се процедува и така приготвените сливи кои претходно ги изгубиле природните шеќери, се конзумираат три пати на ден, пред главните оброци.