Овен

Овој понеделник нема да е здодевен за Вас. Ве очекува многу дружење, преговори, патувања, средби – службени и лични. Успехот ќе зависи од тоа колку добро ќе ги планирате активностите.

Бик

Денот обезбедува прилично добри услови за реализација на вашите цели. Но, во последно време, поради различни околности многумина од Вас се исклучително нервозни и често пати не успеваат да се справат навремено со плановите.

Близнаци

Физичката и менталната стабилност е светла карактеристика за родените во овој знак и им ја обезбедува саканата предност, што е карактеристично и за денешниот ден. Не треба да ги пропуштите можностите. Ве очекува повик со пријатна вест.

Рак

Имате можности за добра реализација на материјален план, но острината во односите со околината и кавгите може да ги намалат шансите.Ќе имате неочекувана средба со колегите.

Лав

Лавовите имаат многу добри можности за деловна реализација, со одлични финансиски приходи. Ве очекуваат можности за промена на работата. Обидете се да бидете различни и подобри.

Девица

Нервозата е карактеристична за многу од Девиците, а недостатокот на внатрешна рамнотежа може да предизвика тензии во околината. Смирете се и насочете го вниманието кон деловната сфера, каде денот ветува добри достигнувања.

Вага

Ќе бидете зафатени со некои работни планови. Можни се средби или разговори кои се однесуваат на нешто минато. Ќе се занимавате со себе и со вашето здравје и тоа најмногу превентивно. Желбата за што подобар изглед ќе ве натера да направите некои промени со вашата коса или гардероба.

Шкорпија

Многу убав ден со шанса за реализација. Во состојба сте да остварите успешни деловни патувања, преговори и договори, а исто така и нови партнерства во бизнисот. Големи се шансите за парични добивки, но тука не е исклучено да се појават контроверзии и многу остри спорови.

Стрелец

Вашите можности за успех се големи. Чувајте ја енергијата и бидете коректни и точни. Во приватниот живот напнатоста ќе биде се помала. Здравје: внимавајте од повреди.

Јарец

Сигурен успех ќе имаат Јарците по сите прашања на деловен и финансиски план. Вешто се справувате со задачите, што безусловно ќе се изрази во форма на задоволителни достигнувања. Ќе остварите контакти и преговорите со јавните медиуми.

Водолија

Денес ќе покажете огромна активност во различни социјални сфери – лична, деловна и општествена. Ќе постигнете и материјален успех. Се разбира некои од Вас ќе имаат успех и во другите области.

Риби

Овој ден е прилично плоден за Рибите на финансиски и материјален план. Денес многумина ќе имате прашања поврзани со недвижен имот или некоја финансиска инвестиција. Успешен ден може да очекувате и на професионален план.