На вашата коса и е потребен сон исто како и на вашата кожа. Ние посветуваме многу време и напор користејќи ноќни креми за кожата пред спиење, но и косата заслужува исто толку внимание. Можеби не сте го сфатиле тоа, но спиењето со пуштена коса може да предизвика повеќе штета отколку само неуреден изглед на наутро.

1. Ќе се разбудите со заплеткана коса.

Кога се свртите во сон, вашата коса веројатно ќе се заплетка. Ова се случува поради триење што се случува кога косата се допира до навлаката за перници. Не само што ќе се разбудите со неуредна коса, туку ова може да ги оштети вашите влакна и да предизвика расцветани врвови.

2. Може да ви создаде акни.

Ако имате чувствителна кожа склона кон акни, добра идеја е да ја тргнете косата од лицето. Производи за стилизирање што се акумулираат на вашата коса може да дојдат во допир со кожата навечер и да ги затнат порите. Ова може да  предизвика иритација на кожата. Луѓето со долга коса може дури и да добијат акни на грбот.

3. Може да го успори растот на вашата коса.

Кога вашата коса ќе се заплетка, тоа значи дека нејзината кутикула е подигната и останува отворена. Оштетената коса расте полека, а ако сонувате за долга коса, добро би било да ја соберете пред спиење.

4. Може да влијае на квалитетот на вашиот сон.

Кога спиете косата може да ви пречи на лицето и да ви го наруши сонот. Најдобар начин да се грижите за вашата коса пред да ја си легнете е нежно да ја исчешлате и да ја сплетете во лабава плетенка.