Флорида „ослободи“ генетски модифицирани комарци поради необична причина

Комарците не само што се досадни, туку можат и да пренесуваат болести преку нивните убоди. Како одговор на ова, компанија наречена „Окситек“ генетски модифицирала мажјаци комарци  за да ги истребат женките. Ова е со цел да се запре пренесувањето на смртоносни болести, вклучувајќи жолта треска, денга и Зика вирусот.

Проектот Флорида Кис, кој доби зелено светло од страна на Агенцијата за заштита на животната средина на САД во Мај 2020 година, одобри ослободување на 750 милиони модифицирани комарци. Но, во моментот ќе бидат ослободени само 144,000, за време на тримесечен пробен период. Како и да е, некои луѓе во пробните области се загрижени.

Џејди Хансон, директор на Меѓународниот центар за проценка на технологијата и Центарот за безбедност на храната, изјави:

Покрај сите кризи со кои се соочува нашата нација и државата Флорида – пандемијата Ковид-19, расна неправда, климатските промени – администрацијата користеше владини ресурси за „да си игра Џурасик Парк“.

Од друга страна, научниците сметаат дека ова е значаен чекор напред. Извршниот директор на „Oкситек“, Греј Франдсен, изјави:

Ова е многу возбудливо бидејќи е резултат на истражувања кои траат повеќе од една деценија во повеќе земји, сите научници кои работат на ова сакаат да ги заштитат заедниците од денга, Зика, жолта треска и други болести пренесени од комарци.

Науката што стои зад експериментот е интересна и е насочена кон женката комарец (Aedes aegypti) која се храни со крв. ГМО-мажјаците се генетски инженерирани, па кога се парат тие пренесуваат ген кој е насочен кон женското потомството. Ова потомство ќе носи „ген убиец“ што значи дека нема да достигне зрелост и да шири болести преку убоди. Мажјаците се хранат со нектар, затоа нема потреба од нивно истребување.

Времето ќе покаже дали овие мутантни комарци доведуваат до ситуација споредлива со научната фантастика, но повеќето научници веруваат дека овој проект со ГМО-комарци ќе ги заштити луѓето од болести.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *