Роузи Бентли живеела до 99 години, и покрај тоа што сите нејзини органи биле погрешно поставени. За случајот да биде уште почуден, самата Роузи за тоа воопшто не знаела. А еве за што станува збор.

Кога госпоѓата Бентли починала во 2017-та година, нејзиното тело било донирано за истражувачки цел, како што претходно било донирано и телото на нејзиниот маж, пред многу години.

Но, кога студентите од Здравствениот и научен универзитет во Орегон, го зеле нејзиниот леш кој требало да послужи како практичен пример при рутински час по анатомија, било откриено дека Роузи била се, освен нормална.

Студентите, заедно со тамошните научници откриле дека Роузи страдала од многу ретка состојба позната како “situs inversus” или транспонирање на внатрешните органи.

Оваа ретка состојба е присутна кај само 1 од 50 милиони возрасни лица и истата, црниот дроб, желудникот и останатите внатрешни органи ги транспонира, односно преместува од десно на лево.

Во случајот на Роузи, само нејзиното срце некако успеало да остане на левата страна.

“Знаев дека станува збор за нешто ретко, но ни требаше малку повеќе време да сфатиме како жената била составена”– вели Кам Вокер, асистент по анатомија во Анатомскиот центар во Орегон.

Истовремено Вокер додава: Беше неверојатно. Успеавме не само да научиме што е нормална анатомија, туку ги научивме и сите анатомски варијации што можат да се случат. Воодушевен сум што госпоѓата Бентли живеела толку долго со оваа состојба.

Роузи Бентли со својот сопруг имала 5 деца, а раководела со сопствена продавница за миленици и храна. Воедно предавала во локалното училиште и пеела во црковниот хор. Од овој свет си заминала без да знае за нејзината состојба.