„Кога тргнавме да си одиме, забележав дека ги нема ќесите со отпадоци, погледнав во останатите, и тие беа со празни раце. Прашав каде се отпадоците, а мајка ми ми рече: „Ние веќе ги фрливме“. Бев изненадена: „Како сте го фрлиле, каде?“

Прочитајте во продолжение една поучна приказна, која од поинаков агол раскажува за реалноста со која се соочуваме.

„Поканив неколку блиски роднини на пикник со скара. Решивме да отидме на едно место недалеку од куќата на мајка ми- прекрасна зелена површина и сјајно езеро. Кога бев мала, тамо најмногу обожавав да одам. Но, кога стасавме, на многу места од зеленилото имаше фрлени пластични шишиња и траги од огнови. Бев многу разочарана!

Едвај најдовме малку почиста површина близу до езерото, исчистивме за да можеме да седнеме и да запалиме оган во мангал. Храната беше вкусна, но глетката ме уништуваше. Сè е толку страшно, од кристално чисто, езерото сега е загадено, темно.

Уште пред да седнеме, ги замолив роднините да не фрлаат отпадоци во тревата и да го собираат во специјална ќеса.

На 100 метри од нас има контејнер за отпадоци. Навистина ли е толку тешко да се стаса до таму?

Кога тргнавме да си одиме видов дека никој од моите не држеше ќеса со отпадоци. Бев изненадена, а кога прашав а мајка ми ми рече: „Ние веќе ги фрливме.“

-„Како сте го фрлиле, каде?“

-„Ете таму во трските. Е што? Ние ли ќе се правиме најпаметни? Па сите таму фрлаат!“

Бев на работ да изговорам толку многу работи. Беше невозможно да се поправи стореното. Отпадоците веќе беа длабоко во трските, но вистината беше подлабока: Тие заслужуваат така да живеат. Тие го заслужуваат лошиот асфалт, уличните лампи без светилки, миризливите реки, корумпиранта влада, малите плати и пензии.

Не им е грижа за самите себе, па зошто на друг да им е грижа за нив? Тие не се ценат самите себе, кој ќе ги цени за возврат?

Не е владата таа што фрла отпадоци по улиците и ги уништува детските паркови. Не е претседателот тој што краде електрични кабли и жици. Веќе не им верувам на бескрајното жалење. Сами си го создавате местото на живеење и живеете во него.

Променете се самите себе прво, па тогаш барајте ги промените во другите!“