Дамата која беше сакана од цел свет и за која цел свет плачеше. Денес принцезата Дијана ќе наполнеше 58 години, но засекогаш остана на 36, откако нејзиниот живот трагично заврши во Париз, во 1997-та година.

16 стари фотографии од принцезата Дијана кои докажуваат дека била вистински љубител на летото

Во нејзина чест, денес ви откриваме 10 необични работи кои не сте ги знаеле за неа:

1. Наместо во училиште како сите останати, принцезата Дијана се школувала во домашни услови до нејзината 9-годишна возраст

2. Била наставничка во градинка

3. Сонувала да биде балерина

4. Нејзината постара сестра Сара Спенцер, прва била во врска со принцот Чарлс

5. Принцезата Дијана го запознала Чарлс кога имала 19 години и веќе на 20-годишна возраст стапила со него во брак

6. Нејзиниот легендарен сафирен свршенички прстен го избрала од каталог. Истиот прстен денес го носи Кејт Мидлтон

7. Невестинскиот вел долг повеќе од 7 метри, истовремено бил најдолгиот некогаш носен вел во кралската историја

8. Спротивно од традициите, принцезата Дијана одбила да го изговори зборот „послушност“, при читањето на брачните завети

9. Нејзината омилена боја била розевата

10. Децата ја сметале за кул мајка. За 13-от роденден на принцот Вилјам направила забава за паметење, при што ги поканила славните супермодели како Клаудија Шифер, Кристи Тарлингтон и Најоми Кемпбел во Бакингемската палата