30-годишната Рошел Барет, професорка по танцување, е главната “виновничка” за организирањето на овој оригинален натпревар чија цел е да се срушат бариерите за убавина, како и стереотипите кои поттикнуваат дискриминација.

Барет била само 8 месеци кога сообраќајна несреќа ја оставила со 70% изгоренци на телото, па така скоро целиот тинејџерски период била малтретирана поради својот изглед. Но, кога била на 20-годишна возраст започнала со танцување и така ја привлекле и натпреварите по убавина.

Затоа, сега за жените слични на неа, кои страдаат од ниска самодоверба поради нивниот изглед, решила да го организира овој натпревар и да докаже дека убавината е многу повеќе од само убава кожа.

Во продолжение, погледнете ги учесничките кои зрачат со прекрасна енергија!