Секој родител се нашол во ситуација неговото дете да барало внимание, а тој во моментот бил зафатен со многу работа. Во вакви ситуации, клучното решение е и ним да им дадете некоја занимација, за да и тие бидат креативно зафатени, додека вие ги завршуваште вашите обврски. Во прилог прочитајте неколку идеи.

10 идеи за креативни занимации на вашите деца:

1. Дајте му на вашете дете неколку фломастери и кутија

Оставете ги слободно да цртааат по кутијата.

2. Предложете им да изградат кула од перници

3. Играјте ја играта “Најди ја играчката”

Скријте некоја играчка некаде, а ако сакате играта подолго време да трае, скријте ја на некое многу тајно место.

4. Замолете го да го избрише огледалото.

Ова ќе му биде многу забавно, а за вас и корисно.

5. Дајте им овошје и зеленчук и  идеја да замислуваат дека се продавачи

6. Направете му бротчиња од хартија.

Потоа со нив може да “плови” во сад со вода или да се занимава на постелнината, користејќи ја како имагнарно море.

7. Направете светлечка кутија со песок по кој може да црта

Во обичен сад ставете светлика, одозгора нанесете песок и само исклучето го светлото, а уметникот може да почне да црта!

8. Дајте му ги вашите стари парчиња накит што повеќе не ги носите

9. Направете ‘роденден’ на некоја играчка

10. Облеката на играчките ставете ја во сад со вода и зададете му задача ги “испере” алиштата