Интелигентна, снаодлива и имагинативна – жената родена во овој хороскопски знак е вистинска визионерка!Овие дами се  перцептивни, способни да ја разгледаат ситуацијата од различни агли и лесно да дојдат до решение за кој било проблем.

Од една страна, изгледаат срамежливи и повлечени, а од друга страна можат да бидат енергични и ексцентрични. И во двата случаи тие се покажуваат како многу интелигентни личности со развиена емпатија кои сакаат да им помагаат на другите.

Станува збор за жени родени во хороскопскиот знак на Водолија.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

Нивната клучна животна мисија е имагинацијата. Тие го гледаат светот како извор полн со разни можности. Дури и кога нема нови можности, тие се обидуваат да видат добро дури и во најтешките околности.

Планетата Уран е нивен владетел и влијае на нивната добра и лоша страна. Лошата страна е што тие можат да бидат брзоплети, темпераментни и агресивни, а добрата страна е што тие се визионери, способни да ја проценат иднината и да знаат точно какви чекори треба да преземат.

Уран им помага на Водолиите брзо и лесно да се трансформираат, па затоа се познати како некој кој лесно се прилагодува на промените.

Дали и вие имате жена Водолија во вашето опкружување?