Иако експертите им препорачуваат на луѓето дека треба што помалку да користат пластични садови поради нивната штетност, сепак многумина и понатаму ја практикуваат нивната употреба, токму поради нивниот супер практичен дизајн за складирање на храната.

Ако и вие имате навика да користите пластичните садови, тогаш најверојатно веќе знаете колку понекогаш нивното чистење од маснотиите изгледа како вистинска невозможна мисија!

А сега конечно постои и генијално решение за овој чест проблем! Американката Еди Кемплер на нејзниот ТикТок профил открива како брзо и неверојатно лесно да ги отстраните масните наслаги од пластичните садови:

Во валканиот пластичен сад додадете неколку капки од средството за миење садови, наполнете го со врела вода и внатре додадете хартија. Откако ќе го ставите сето потребно, затворете го садот со капак, добро протресете во сите насоки околу 1 минута. Потоа отстранете го капакот, отстранете ја хартијата и едноставно исплакнете го садот, кој ќе ве изненади со неговата чистота!

Кујнската хартија ефикасно ќе ги впие сите масни нечистоии и пластичниот сад ќе заблеска!