Се вели дека секоја жена може да се познае по начинот на кој готви, бидејќи секоја тоа го прави на свој посебен начин, додавајќи состојки по личен вкус, со цел да го направи јадењето специјално.

Еве една необична приказна, во која обичната супа се претвори во доказ за неверство.

Алина и Димитри живееја во мал провинциски град. За снабдувањето со нови зеленчуци, тие не одеа на пазар, туку во нивната сопствена градина. И така, тој ден Алина отиде да набере разни плодови од градината, за да ја приготви омилената супа на нејзиниот сопруг.

Димитри едноставно го обожаваше да го јаде ова јадење навечер, кога ќе се врати уморен од работа. Сопругата веќе ги имаше сите потребни состојки и токму кога се враќаше во куќата, се лизна на градинарската патека од плочки и падна. Таа долго време го молеше Димитри да ја поправи патеката, бидејќи по дожд е премногу лизгава.

При падот Алина се здоби со повреди, при што веќе имаше и вртоглавица. Немаше многу сила, но успеа да повика такси и да отиде во болница, каде лекарите утврдија дека станува збор за скршеница и дека мора да остане во болница неколку дена.

Алина потоа се јави на нејзиниот сопруг, за да го извести дека е во болница и дека го испратила нивното дете кај нејзината мајка. Притоа, многу се нервираше што немаше време да ја доврши супата и преку СМС порака, му го испрати рецептот на сопругот, за да самиот тој ја приготви.

Но, Димитри цела вечер не одговараше на пораките, а Алина помисли дека најверојатно се уморил и од работа, а потоа и од готвење и заспал. Следниот ден Алина посака да се врати дома и го замоли сопругот да дојде по неа. Димитри пак, во текот на целиот пат не престануваше да зборува колку вкусна супа приготвил.

По пристигнувањето дома, Алина веднаш посака да го вкуси навидум прекрасното јадење, но веднаш што ја проба супата, сфати дека нешто не е во ред. Факт е дека во супата имаше пиперки. Алина го мразеше тој зеленчук и затоа го немаше напишано во рецептот, а најлошото од сè беше што таа воопшто не одгледуваше пиперки во нејзината градина. Но, сосетката Ирина одгледуваше и секогаш ставаше пиперки во секое јадење.

Алина веднаш отиде во спалната соба кај сопругот и директно го праша: „Што правеше Ирина тука синоќа? Немаше ли да можеш без неа? Таа ли ти помогна во готвењето? А што друго правеше?“

Димтири најпрво беше изненаден и целосно збунет, но реши да не ја лаже својата сопруга, по што призна дека бил премногу мрзелив и ја замолил сосетката да ја притови супата, а потоа ја пробала супата и останала само една ноќ да преспие кај нив.

Димитри дури се заколна дека ништо не правеле и дека ова било прв и последен пат, но Алина не му поверува на сопругот и го замоли да си ги собере работите и да се пресели кај сосетката. На испраќањето, дури му го даде и тенџерето со супата.