Во текот на зимата најчесто ги занемаруваме нашите стапала, особено петите. Но, испуканите пети не се само естетски проблем кој може да го сокриваме со чорапи, туку истите може да предизвикаат и здравствен проблем.

Испуканите пети кои се манифестираат и со здебелена и прекумерено сува кожа можат лесно да предизвикаат голема неудобност при одењето. Денес ви откриваме како во домашни услови, на лесен природен начин, брзо да го елиминирате овој проблем и вашите пети повторно да бидат кадифено меки.

Прв чекор: Топло прочистување

Потребни состојки

  • Топла вода
  • 2 супени лажици сода бикарбона
  • 2 супени лажици морска сол
  • Пемза

Начин на подготовка и употреба

Исипете 2-3 литри топла вода со соодветен сад, а потоа додадете ги солта и содата и добро измешајте. Потопете ги стапалата во купката и оставете ги состојките да дејствуваат 15 минути. На крај исушете ги стапалата и добро истријте ги со пемза.

Втор чекор: Навлажнувачка домашна крема

Потребни состојки

  • Восок (Свеќа)
  • Зејтин или кокосово масло

Начин на подготовка и употреба

Додадете 2 кафени лажици зејтин или кокосово масло, заедно со восок во соодветен сад и истиот поставете го друг сад со топла вода. Мешајте, додека состојките да се растопат добро. Оставете ја добиената смеса да се излади, а потоа нанесете малку од истата врз кожата на стапалата. Се препорачува кремата да се употребува секоја вечер пред спиење, на чиста кожа.