Модната индустрија веќе го реши проблемот со слабите манекени и вклучи луѓе од различен карактер во својот спектар, но овој моден бренд очигледно не ја слушнал новоста.

31-годишната Кристин Расел со право е бесна на овој моден бренд и затоа сега одлучи јавно да го искритикува.

Кристин, која инаку е сопственичка на ресторан во Небраска, додека пребарувала на Интернет, случајно наишла на бренд наречен „Плас сајзд бејби“, бренд кој наводно дизајнирал специјализирана облека наменета за жените кои носат поголеми величини.

Мајката на 2 деца изјавила дека била возбудена што имала шанса конечно да купи облека по нејзина мерка од Интернет, но се шокирала откако видела на кој начин брендот ја рекламира истата.

Наместо како што е правилно, облеката да биде скроена за моделите и сите да носат тоа што им одговара на телото, односно облеката со поголеми величини да ја рекламираат жените за кои е наменета, истата е рекламирана од слаби модели.

„Барав да купам облека онлајн, а потоа наидов на брендот. Кога здогледав една фотографија, прво мислев дека е грешка. Кој би рекламирал на овој начин?“- изјави Кристин

Да биде ситуацијата уште по „блескава“, облеката не само што ја рекламираат слаби манекенки, туку истите тие на фотографиите ја шират со рацете облеката, имитирајќи и инсинуирајќи дека е наменета за покрупни луѓе.

Еве како изгледаат рекламите на брендот кои навистина зрачат со навредлив карактер: