Секогаш сме во потрага по нови совети како да заштедиме при патување, па технички и ова е еден вид на совет. Малку бизарен, но и доста смешен! Во продолжение прочитајте за што станува што станува збор.

Сите ние сме навикнати на традиционалниот начин на организирање на нашите патувања. Поточно, ако патуваме со авион, го закажуваме нашиот лет однапред по најдобрата цена и притоа искористувајќи ги сите поволности што доаѓаат со тоа.

Но, оваа британска патничка смислила генијален план како да заштеди уште повеќе!

И покрај доста неконвенционалниот метод, планот на Наталин Вин целосно и се исплатил!

Бидејќи повеќето авиокомпании имаат ограничување на тежината за багажот што секој патник индивидуално треба да го понесе со себе, доколу се отстапи од дозволената тежина, на патникот му се наплаќаат дополнителни трошоци поради пречекорениот лимит.

30-годишната Натали патувала од Манчестер, В.Британија кон Фуертевентура, Канарските Острови.

При мерењето на нејзиниот багаж, се утврдило дека истиот ја пречекорува дозволената граница и вработените на аеродромот го оцениле како претежок, односно неговата тежина изнесувала 9.4 килограми, додека максимумот на компанијата е 6 килограми.

Натали требало да плати за секој додаден килограм поединечно по 4000 денари плус. Но, воопшто не и се допаднала таа идеја.

“Бидејќи патував на инклузивен одмор, каде се ми беше платено, од храна до пијалоци, пред полетувањето не зедов многу пари со мене.”- изјавила Натали, која со себе имала само 60 евра.

“Бидејќи не сакав да ги потрошм и тие малку пари што ги имав со себе, започнав да ја облекувам мојата облека. Сите парчиња алишта што ги носев во багажот ги облеков на себе! Вриев, беше премногу топло, ама ги облеков сите!”

Сите луѓе што се наоѓале на аеродромот и аплаудирале на Натали за генијалниот чекор и сите биле среќни, освен секако, вработените на аеродромот!