Кој не би „посакал“ новиот партнер да дојде со долга листа на упатство, исто како да сте го купиле од продавница.

Една девојка е токму таква „среќничка“, бидејќи претходната партнерка штотуку состави листа на совети, за тоа што сака и не сака нејзиното веќе бившо момче.

И додека повеќето апсолутно не ги интересираат бившите партнери по раскинувањето, други остануваат во пријателски односи, а некои имаат потешкотии да се справат со фактот дека партнерот продолжил понатаму и е во врска со друга личност.

Но, оваа жена отиде не 1, туку 100 чекори подалеку и напиша листа на совети односно упатство како сегашната девојка да се справи со Џејкоб, со кој таа претходно била во врска.

Упатството носи наслов „За неговата следна девојка“, а започнува вака:

  • Се запознавме на 26-ти Февруари.
  • Започнавме да излегуваме на 8-ми Април, 2018-та година.
  • Неговиот омилен сладолед е со вкус на чоколада.
  • Неговото име е Џејкоб А-м-и-р-а Браун. Така напишав бидејќи ќе те праша да го спелуваш името.
  • Во случај да сакаш да му купиш нешто посебно, омилена боја му е црвената.

Листата продолжува како омилен кошаркар му е Џејмс Леброн, обожава да носи наметки, да спие на ладно и да јаде многу.

Еве како изгледа оригиналната забелешка

Листата има и втор дел, бидејќи навистина девојката имала што да каже:

  • Бројот на неговите чевли варира (лудо, нели), но за обичните чевли носи број 46, но патиките за кошарка му се број 47, па немој да се збуниш.
  • Сака масажи на грбот, па подготови се рацете да те заболат.
  • И да, не ги гледај сериите пред некој, бидејќи тоа ќе му го уништи доживувањето

Потоа дури набројува дека сака сок од чили, да се дружи со неговите најдобри пријатели, ќе слушне многу лоши работи за момчето, но да ги игнорира, има навика да ги губи работите, особено личната карта итн.

Втор дел од оригиналната забелешка

Самиот Џејкоб, долгата листа на совети за неговата сегашна, од поранешната девојка, ја објави на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер и со тоа насмеа многу луѓе.

Додека некои ова го сметаа за романтично, објаснувајќи дека автоматски е помош за новата девојка, други останаа без зборови.

„Најдобра работа е што си ја оставил“ и „Всушност сака да каже дека е луда и добро е што си избегал од неа“, се само дел од коментарите.

Но, поголемиот дел од Интернет заедницата смета дека романтичното упатство е всушност урнебесно.

Што мислите вие? Дали би сакале една ваква листа на совети да добиете?