Изабела не само што изгледа како принцеза, туку живее и таков живот.

21-годишната девојка е ќерка на милионер, а нејзиниот партнер Себ, е успешен возач на формула. Изабела ги обожава префинетите работи во животот, од вечери во луксузни ресторани, до купување брендирана облека.

Нејзина слабост се модните додатоци, при што е сопственичка на Шанел чанта од 7500 евра. Секоја година оди на дури 6 скапи егзотични одмори.

„Секогаш ми судат според изгледот. Луѓето кога ќе ме видат згодна, убава и богата веднаш помислуваат дека сум сноб. Можеби изгледам како принцеза, но јас сум повеќе од тоа“- вели Изабела.

Таа моментално работи на својот магистерски труд од областа на психологијата, а воедно е и ловец на таленти. Својата работна етика вели дека ја наследила од нејзиниот татко.

Со цел да ги смени мислењата на луѓето што ги имаат за неа, Изабела се пријави да учествува во емисијата „Богати деца со 5 ѕвезди стануваат бездомници” (анг. 5 Star’s Rich Kids Go Homeless), при која Избела одлучи својот раскошен живот да го замени со бездомнички живот на улиците на Лондон, на период од 3 денови.

Самодовербата и амбицијата на Изабела се клучните фактори кои таа верува дека ќе и помогнат за кратко да се снајде на улиците.

„Постојат многу начини како бездомниците да се спасат од улиците, но тие го одбираат алкохолот и дрогата“-вели Изабела.

Планот на Изабела не беше да проси, туку со собирање и рециклирање на пластика, да заработи доволно пари. Нејзиниот резервен план е доколку не успее, да пее и танцува на улиците.

Но, откако уште на првиот ден беше оставена на улиците, богаташката изјави: „Не ми се премногу допаѓа кампувањето“. По блиски неудобни средби со неколку бездомници, Изабела првата ноќ ја помина будна.

Наредното утро, уште во 6 часот одлучи дека мора да направи нешто. Најпрво отиде во локалната црква и доби бесплатен појадок. Потоа, собриаше пластика, но локалниот маркет одби да ја прими.

Бидејќи не се плашеше од работа, девојката се обиде да најде работа на многу места, во автоперална, хотел, продавница, но бидејќи како повеќето бездомници, немаше лична карта, беше одбиена за работа.

На крајот од вториот ден, после бројните неуспешни обиди, богаташката реши да пее и танцува, но луѓето не беа импресионирани. Пари заработи раскажувајќи ја својата „трогателна“ приказна.

На крајниот ден, со зработените 50 евра, наместо сместување, Изабела реши да си купи појадок. Но, при купувањето, забележа една жена во нејзина близина, која исто така живее на улиците. За првпат во емисијата, богат учесник направи хуман гест.

Изабела купи појадок и за бездомната жена, а по разговорот со неа, богата девојка сфати дека сепак животот на улиците не е толку лесен, а осаменоста е најтешкото нешто.

„Сакав луѓето да го сменат мислењето, но на крај јас го сменив. Имав сосема погрешни ставови. Не бев свесна колку е животот тежок за овие луѓе, а дури е невозможно да се пронајде работа“- за крај додаде Изабела.