Земја како ниедна друга: 10 работи што ќе ги сретнете во Јужна Кореја
Ние обично мислиме на Јапонија кога станува збор за „необични“ земји, но има и други земји што можат да се вклопат во оваа категорија. Една од нив е Јужна Кореја, и за почеток, да речеме дека сигурно нема да ви фали Wi-Fi овде, бидејќи е достапно насекаде! Но, ајде да ги погледнеме другите 10 интересни работи од оваа далечна земја.
1. Кафулињата и шаторите каде што ја предвидуваат вашата иднина се насекаде низ земјата, што е прилично бизарно.
2. Суши со виршли е доста популарно јадење во оваа земја. Тоа е всушност стандардно суши, но се служи со сенф и кечап.
3. Наместо потпрени sидовите, овде луѓето чекаат метрото на поинаков начин. Не е невообичаено да видите чучнати патници како го чекаат својот превоз.
4. Децата ја учат важноста на хигиената уште од најрана возраст, а четкањето на забите е особено важно. Овде забите се мијат 3 пати на ден, секој пат по 3 минути, и 3 минути после јадење.
5. Со оглед на тоа што Корејците понекогаш работат од утро до вечер, немојте да се изненадите ако видите како продавач на пазар како дремнува или бизнисмен што спие во метрото навечер.
6. Не се сите возачи на такси исти, односно не сите зборуваат англиски. За да избегнете такви ситуации, важно е да ги следите боите на такси возилата, бидејќи од нив знаете дали возачите зборуваат англиски или не.
7. Ако дадете некому тоалетна хартија, таа личност нема да се налути. Корејците едноставно сакаат практични подароци.
8. Ако дојдете во мал ресторан и побарате мени, немојте да се шокирате кога келнерот ќе ви каже дека нема мени. Имено, многу мали ресторани служат само едно јадење што го готват совршено.
9. Иако овде лудуваат по видеоигри, законите се повеќе од јасни. Децата под 16 години не смеат да играат игри од полноќ до 6 наутро.
10. Иако возењето велосипед не е првото нешто што ни доаѓа на ум кога зборуваме за Северна Кореја, има многу инвестиции во инфраструктурата. Патеката помеѓу градовите Даехеон и Сејонг е покриена со соларни панели и е долга 35 километри!