Училиштето не е само за да ги научи децата како да читаат, пишуваат или да решаваат математички проблеми. Исто така ги учи на социјални вештини како што се комуникација, разбирање и сочувство. Сепак, не е лесно да се објаснат ваквите концепти. За среќа 21-годишната наставничка Аими има свој начин да им го претстави и објасни на учениците концептот на правичност  користејќи многу едноставна работа, како што е фластер.

 

 

Младата учителка вели дека на почетокот на секоја учебна година таа им вели на нејзините ученици да кренат рака ако некогаш си го изгребале лактот. Секако речиси сите креваат рака. Таа потоа замолува едно од децата да ја раскаже својата приказна по што таа му дава фластер и вели: „Многу ми е жал, повели фластер за твојот лакт“.

 

 

Потоа Аими им вели на учениците да кренат рака доколку го изгребале коленото, тие го прават тоа и таа повторно замолува едно дете да раскаже како се повредило, а на крајот му дава фластер и вели: „Многу ми е жал, повели фластер за твојот лакт“. По ова децата се малку збунети, но наставничката продолжува и ги замолува децата да кренат рака ако некогаш си ја изгребале главата, секако тие повторно креваат рака, а таа одбира кој да ја раскаже приказната, на крај таа вели: „Многу ми е жал, повели фластер за твојот лакт“. Сега децата се дефинитивно збунети.

 

 

Учителката потоа за време на часот им објаснува на децата дека и покрај тоа што со сите се однесувала исто, тоа не било тоа што им треба на децата. Затоа во училницата можеби ќе има деца со проблеми со слухот, видот или анкциозност кон кои ќе се однесува поразлично.

Учителката вели дека децата одлично го сфаќаат овој концепт и секогаш зборот „фластер“ ги потсетува на разбирање и емпатија.