За денес ви предлагаме една необична и многу лесна ужина. При пржењето, нејзината надворешна страна станува крцкава, а внатрешноста е полна и сочна.

Потребни состојки

  • 250 мл кисело млеко
  • Половина кафена лажица сода
  • 1 јајце
  • Половина кафена лажица сол
  • 1 супена лажица сончогледово масло
  • 350-400 гр пченично брашно
  • 100 гр сувомеснато по ваш избор
  • 2 домати

Начин на подготовка

Во длабок сад измешајте го киселото млекото со содата. Потоа додадете ја солта, јајцето и сончогледовото масло и добро измешајте ги состојките. Потоа додадете го и брашното и формирајте меко тесто. Површината на тестото премачкајте ја со маслото и оставете го тестото да отстои 10-15 минути.

Потоа размесете го тестото и поделете го на 2 делови, секој од нив со дебелина од 1 цм. Потоа врз едниот додадете го месото, а одозгора наредете ги доматите. Смесата да биде одделена на мало растојание. Покријте со вториот дел од тестото. Со помош на чаша формирајте топчиња, одделувајќи делови од тестото.

Во сад со загреано сончогледово масло, испржете ги формираните топчиња. Кога прошките ќе бидат готови, ставете ги во чинија, во која претходно сте ставиле хартија, за да подобро се исцеди маслото.

Доколку ви се допадне рецептот, споделете го и со вашите пријатели.