Што е подобро за за летните денови, од добро изладен десерт, кој не ви бара да ја вклучувате рерна на овие високи температури. Овој бисквитен ролат се приготвува премногу лесно, а на вкус е свеж и умерено сладок.

Најтешкиот дел е тоа што ќе мора да почекате малку повеќе време додека десертот се лади во ладилникот, а еве како да го приготвите истиот:

Потребни состојки

  • 300 гр бисквити
  • 110 мл пресно млеко
  • 50 гр црно чоколадо
  • 100 гр путер
  • 200 гр маскарпоне
  • 110 гр шеќер во прав

Начин на подготовка

1. Сомелените бисквити полејте ги со 80 мл пресно млеко. Растопете ја чоколадата на пареа и потоа додадете и измешајте ја во бисквитното тесто.

2. За подготовка на кремот потребно е во длабок сад да го измешате путерот, шеќерот, маскарпонето и преостанатото количество млеко, сè додека не добиете добро соединета смеса.

3. Во калап поставете хартија за печење и додадете го врз истата бисквитното тесто. Со раце или лажица добро оформете ја смесата, така што истата е потребно да биде со рамномерна дебелина насекаде.

4. Намачкајте го тестото со кремот и внимателно завиткајте го ролатот, заедно со хартијата. Потоа, поставете го ролатот во ладилникот и оставете да отстои добри 5 часа.

5. По вадењето од ладилникот, отстранете ја хартијата и декорирајте по ваша желба.