Порано или подоцна, вашите родители ќе имаат потреба од вас. И тогаш вие ќе мора да направите избор: Да им помогнете или одговорноста да ја префрлите некому друг.

Се разбира, за многумина втората опција е нешто поедноставно. Но, сепак размислете добро, дали сте подготовени да се откажете од луѓето, кои целото ваше детство ве опсипувале со внимание, грижа и љубов?

Прочитајте ја следната приказна, која ќе ви одземе само 1 минута, но која се памети цел живот:

-Еден маж го одвел својот стар татко во ресторан, за да го нахрани со вкусна вечера. Неговиот татко бил многу стар и слаб.

Додека вечераше, на изнемоштениот старец му падне парче од храната врз блузата и панталоните. Луѓето во просторијата веднаш го свртеа вниманието кон нивната маса и тивко започнаа да се исмеваат, но синот сепак остана спокоен.

Кога вечерата заврши, синот нежно му помогна на својот татко да се крене од масата и го одведе во тоалетот. Таму, со вода му ја исчисти облеката, му го изми лицето, му ја среди сивата коса и му помогна повторно да си ги стави назад очилата.

Кога се вратија назад во просторијата, тие беа пречекани од потполна тишина. Единственото нешто што се слушаше беше тивкото, но гневно мрморење на еден од гостите, кој негодуваше како може некој старец да го доведат во ресторанот, притоа истиот да се извалка со храна и да им го уништи апетитот на останатите гости.

Синот го повика келнерот да ја плати сметката и при самото излегување од ресторанот, еден од гостите скокна, притоа извикувајќи:

– „Изгледа сте заборавиле нешто!“

Синот се збуни, се погледна, провери низ џебовите и рече: – „Не, ништо немаме заборавено.“

Тогаш гостинот рече: – „Оставивте нешто за сите во оваа просторија. Му дадовте лекција на секој син, а надеж на секој родител!“

Луѓето во просторијата буквално замолкнаа. Сите се почувствуваа огромен срам за тоа што претходно ги осудија таткото и синот.

На крај, една од најолемите награди кои може да ни ги даде животот е да се грижиме за возрасните родители- тие кои одвоиле време, внимание, па дури и пари за нас. Затоа тие заслужуваат длабоко да бидат ценети и тоа засекогаш.