Оваа пештера може да ја изнајмите за 240 долари од вечер

Пред 600 години оваа скриена пештера во близина на Седона во американската држава Аризона беше дом на Индијанци, а денес е достапна за истражување на сите заинтересирани кои се подготвени да платат за ова незаборавно искуство.

Пештерата се наоѓа на приватен имот среде пустината и близу до засолниште за волци. Точната локација ќе им биде дадена само на оние кои ќе го резервираат своето место преку онлајн платформата Airbnb по цена од околу 12 000 денари за една ноќ. Покрај пештерата, имате пристап и до просторија со бања.

Направени се минимални модификации за да се зачува автентичноста на местото. Постои спална соба со кревети за вкупно четири лица. Забрането е носење чевли во внатрешноста на пештерата, како и слушање гласна музика.

Тука се живее во хармонија со природата и јаде исклучиво вегетаријанска храна. Поради предизвикувачкиот терен, односно ненадејни подеми и падови во близина на пештерата, забрането е пиење алкохолни пијалоци. Од безбедносни причини е забрането да се пали оган на имотот, но и да се носат мали деца.

Ова место е особено препорачливо да го посетите во текот на летото кога температурите во пештерата можат да бидат до 20 степени постудени отколку во останатиот дел од  Аризона.

Откријте како изгледа кога спиете во пештера.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *