Во многу култури ширум светот солта претставува симбол за чистота, а истата влегува во составот на многу хемиски производи наменети за домот, па дури и во козметиката кога станува збор за препаратите за прочистување на кожата.

А еве што секој од нас би требало да поставува редовно шолја во шкафовите. Благодарение на овој трик,  облеката, како и сите работи кои ги складираме во плакарите долготрајно ќе останат свежи, а секоја непријатна миризба ќе биде ефикасно елиминирана.

Ова е одличен трик доколку некој од членовите во домот е пушач, а сите знаеме колку непријатен може да биде мирисот на цигарите, кој знае да се задржи на облеката.

Поставувањето на шолја сол ќе биде ваш силен сојузник и во борбата против мувлата и молците, кои неретко се голем проблем во речиси секој дом. Солта веднаш ја апсорбира влагата и се бори против сите лоши мириси.

Покрај во шкафовите, шолја сол слободно може да поставите и во ладилникот, а ова брзо ќе го реши проблемот со кондензацијата. Солта можеби нема одреден пријатен мирис, но пак нејзината употреба е многу лесна и безопасна за нашето здравје, а притоа има моќен ефект.