Конфликтот меѓу родителите и децата биле присутни отсекогаш, а денешното време не е исклучок. Постарата генерација не ги разбира модерните млади луѓе и ги смета за несериозни. Тие не размислуваат за иднината, не купуваат домови и автомобили. Младите избираат поинаков начин на живот и ако погледнете внимателно, можете да најдете одредена мудрост во тоа.

Ние решивме да истражиме кои работи повеќе не ги купува денешната младина. Резултатот е листа што може да се смета и како за тест за возраста.

Фотоапарат

Пазарот на фотоапарати во речиси сите земји минува низ тешки времиња. Сè уште се купува професионална и полупрофесионална опрема, но не како порано. Се работи за квалитетот на камерите на модерните паметни телефони: тој достигна такво ниво што некогаш популарните фотоапарати не се веќе во употреба.

Телевизор и TВ пакети.

Младите постепено ги напуштаат телевизиите. Тие не сакаат да губат време гледајќи ТВ програми. Форматот и начинот на добивање информации се променети.

Младите не сакаат да трошат пари на телевизија. Телевизиските пакети можат значително да ги зголеми трошоците. И самиот уред е прилично скап, а се почесто се користи компјутерот.

GPS навигатор

Паметните телефони постепено ги заменија не само хартиените мапи, туку и GPS навигаторите. Зошто да имате повеќе уреди кога можете да поминете со еден?

Паричник

Сè повеќе плаќаме со картички или бесконтактно со помош на паметни телефони. Очигледно, трендот ќе продолжи, бидејќи експертите предвидуваат дополнително намалување на готовината во оптек. Затоа, пред да купите нов паричник, треба добро да размислите дали ви е толку потребен.

Аквариум

Одржувањето на аквариум дома бара труд, време и пари. За да уживате во неговата убавина, ќе треба да имате познавање за видовите почва, опрема и процедури за нега. И, исто така, треба редовно да го чистите, да  ја набљудувате температурата и да им давате на рибите квалитетна храна. Современиот животен ритам ја прави оваа мисија речиси невозможна.

Пегла

Во Велика Британија, повеќе од половина од младите на возраст меѓу 25 и 39 години не знаат како да користат пегла. Пазарџиите си го оптоваруваат мозокот како да продадат уред без кој нашите родители не би можеле да функционираат. На младите им се нудат модели на апарати кои работат на пареа, се лесни за употреба и зафаќаат мал простор.

Личен автомобил

Со децении, автомобилот е важна, неопходна и статусна работа. Но, новата генерација има свои правила. Во денешно време младите повеќе не сакаат да трошат пари на лично возило. Тие не уживаат во возењето, само сакаат брзо да стигнат од точка А до точка Б. Затоа, користат јавен превоз, такси, скутери и велосипеди.

Справи за вежбање

Деновите кога сонувавме да имаме Орбитрек или лента за трчање во нашиот стан останаа во минатото. Честопати домашната опрема за вежбање се користи за сè освен за вежбање. Високата цена и импресивните димензии на справата се уште две причини да не ја купите. Членството во теретана е доста прифатливо и ќе биде многу поефективен чекор кон фигура од соништата.

Облека за специјални прилики

Помалку е веројатно младите да купат облека што можат да ја облечат само еднаш. Стана клише да се биде претенциозен: колку поедноставно, толку подобро. Основната гардероба, во која сите парчиња облека се комбинираат едни со други, е темел на свесното купување.

Ѕвонче

Ѕвончињата на вратите се минато. Неочекуваните посети, денес, се реткост: гостите предупредуваат за нивната посета или известуваат дека дошле, со повик или СМС. Ова ги прави ѕвончињата непотребни и затоа не ги купуваме.

Недвижен имот

Самата идеја за поседување стан или куќа постепено ја губи својата популарност. Тоа е затоа што цените на имотот се многу високи и продолжуваат да растат. И втората причина е што начинот на живот се промени: младите се поподвижни од нивните постари роднини, тие се движат почесто, многу патуваат, претпочитаат да не остануваат на исто место долго време.