Во текот на 90-те години, Никол Кидман и Том Круз беа една од најпознатите холивудски двојки. Нивниот брак траеше 10 години, а често парот заедно беше и на филмските сцени.

Но, за жал, дури ниту посвојувањето на две деца не ја спаси нивната љубовна врска. Токму денес ќе ви раскажеме за Изабела Џејн Круз, 27-годишната наследничка на Том и Никол. Таа, слично како нејзиниот брат Конор Ентони, речиси и воопшто да не комуницира со австралиската актерка. Факт е дека Никол не го поддржувала ставот на Том за скиентологијата и тоа било основната причина за нивниот развод.

Тешкото детство остави траги врз самата Изабела. Иако девојката можеше како и сите останати деца да се капе во луксуз, таа одлучи да се оддели од нејзините родители и да престане да живее во нивна сенка. Многумина тврдат дека токму разводот на парот ја потикнало Изабела сама да успее во животот, без ничија помош.

Таа денес живее во Лондон, каде се занимава со сопствен бизнис, односно Изабела е успешен фризер и стилист и модата ја смета за свој сон. Нејзиниот бренд „Бела Кидман Круз“ може да се пофали со изработка на квалитетни и уникатни патики, кои самата таа ги дизајнира и црта.

Сепак врската на Изабела со нејзините родители не е лесна. Според блиски извори, таа не сака нејзиниот личен успех да биде поврзуван со славниот пар. Изабела дури не ги ни покани актерите на нејзината свадба, бидејќи не сакала настанот да биде во центарот на медиумското внимание. Сепак Том, посакувајќи го сето најдобро за неговата ќерка, целосно ги покрил трошоците за свадбата.

Интересно е што на денот на свадбата, Никол Кидман се наоаѓа близу до самото место на настанот, бидејќи токму на соседната локација учестувала во снимањето на филмска сцена.

Сепак Изабела колку и да се обидува да се сокрие од јавноста, таа во медиумите постојано е критикувана поради нејзиниот однос кон родителите, а воедно неретко добива и критики на сметка на нејзиниот необичен изглед, при што многумина велат дека воопшто не личи како ќерка на Никол.