Руската Златокоса – вака ја нарекуваат Анастасија Сидорова која успеа да се претвори во вистинска сензација благодарение на нејзината величествно долга коса.

Сега Анастастија ја открива тајната на прекрасната долга коса, односно еве со што ја негува истата:

1. Соодветен шампон

Пред да купите шампон, добро проверете ги состојките и утврдете дали шампонот одговара за вашиот тип на коса. Употребата на неправилен шампон може сериозно да ја оштети текстурата на косата.

2. Задолжителна употреба на балсам

Секогаш при миењето на косата, покрај шампон, користете и балсам.

3. Тоник со салицилна киселина

Побарајте соодветен тоник за кожата на вашиот скалп и нанесувајте го истиот по миењето. Неопходно е тоникот да содржи салицилна киселина.

4. Масажа на главата

Масирајте ја главата почесто, а токму тоа ќе ја подобри циркулацијата во оваа област и значително ќе го стимулира растот на косата.

5. Заштитете ја вашата коса во летото

Во текот на летото, не само кожата, туку заштитете ја и вашата коса, бидејќи и таа исто така има потреба од соодветна хидратација.

6. Без преса за коса

Сведете го на минимум користењето на преса за коса и други слични уреди, со цел да ја зачувате текстурата на косата.