Покрај традиционалниот рецепт за полнети пиперки, ви подготвивме алтернативна варијанта која е исто толку вкусна.

Потребни состојки:

  • 1 кг. пиперки
  • 1- 2 главици кромид
  • 4-5 големи компири
  • 200 гр. кашкавал

Зачини:  вегета, мелен бибер, сол по желба

Потребно време за подготовка: 1 час

 

На загреано масло се пржи кромидот, претходно ситно исецкан. На страна се лупат компирите и се рендаат, по што се додаваат на пржениот кромид. Во меѓувреме се мијат пиперките и се отстранува нивната внатрешност. На страна се ренда кашкавалот и се додава на смесата. Пиперките се полнат со подготвената смеса и се ставаат во плех за печење. Се печат на 200 степени, половина час.

https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/04/nane-recept-piperki-1.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/04/nane-recept-piperki-1-300x214.jpgIva SpirovskaВкусноПокрај традиционалниот рецепт за полнети пиперки, ви подготвивме алтернативна варијанта која е исто толку вкусна. Потребни состојки: 1 кг. пиперки 1- 2 главици кромид 4-5 големи компири 200 гр. кашкавал Зачини:  вегета, мелен бибер, сол по желба Потребно време за подготовка: 1 час   На загреано масло се пржи кромидот, претходно ситно исецкан. На...Секој ден нешто свежо