Понекогаш, комбинацијата од неколку едноставни состојки може да има неверојатен резултат за телото. Така на пример, за оваа смеса ви се потребни само 3 состојки, а таа целосно ќе го прочисти вашето тело од токсични материи.

Истовремено, лековитата смеса ќе го намали нивото на лошиот холестерол и ќе го спречи ризикот од коагулација на крвта. Состојките ќе ве ослободат од состојбата на опстипација и значително ќе го забрзаат процесот на слабеење.

Односно, чудесниот ефект на домашната смеса ќе ги прочисти цревата и ќе го отстрани вишокот килограми кои веќе со години ви одат на нерви. Без да му создавате пристисок на организамот, ќе ја вратите контролата врз вашето тело и фигура.

Секако, непотребно е да се каже дека не може ефектот на смесата да се очекува, доколку паралелно продолжиме со нездравите навики во исхраната и продолжиме да консумираме храна полна со масти и шеќери.

Целата на смесата е да го забрза метаболизмот, да ги прочисти цревата и да го обнови целиот организам.

Како дејствува?

Многу едноставно: Смесата го снабдува телото со хранливи влакна, што пак ја зголемува способноста на телото полесно и побрзо да се справи со токсичните материи.

Трите состојки исто така и поединечно се исклучително здрави:

  • Сливата е богата со хранливи влакна. Го олеснува процесот на варење на храната, допринесува за правилно функционирање на цревата и го намалува нивото на лошиот холестерол. Освен тоа, ова моќно овошје ги подмладува клетките, бидејќи содржи антоцијанин, односно богато антиоксидантно својство кое го поттикнува процесот на отстранување на слободните радикали. Консумирањето сливи ја поттикнува циркулацијата на крвта и дури го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања
  • Лимонот го „алкализира“ телото т.е ја регулира крвта и успешно ги елиминира токсичните материи од телото. Ова овошје го поттикнува правилното функционирање на сите внатрешни органи, а најмногу го стимулира дигестивниот систем.
  • Внатрешниот слој на чиа семето е богато со хранливи материи, кој помагаат брзо и ефикасно да се отстранат штетните материи од ѕидот на дебелото црево. Чиа семето помага и во намалување на холестеролот, воедно го забрзува метаболизамот и е богато со витамин Ц.

Рецептот е многу едноставен

Во чаша од 200 мл, ставете 1 кафена лажица чиа семе и 3 сливи и оставете ги состојките да отстојат во фрижидерот, во текот на целата ноќ.

Следното утро изедете ги сливите, а кон останатата течност во чашата додадете 1 супена лажица свежно исцеден сок од лимон и испијте ја смесата.

Течноста консумирајте ја во мали голтки, за поефикасно стимулирање на дигестивниост систем.