Готвачите ширум светот секогаш знаат да нè изненадат со уникатни јадења со компири, кои речиси нема кој не ги обожава. Затоа денес решивме да споделиме еден ваков вкусен рецепт со вас!

Печен специјалитет со компири

Потребни состојки

  • 6-7 компири
  • 2 кромиди
  • 400 гр колбаси
  • 2 супени лажици кисела павлака
  • 3 супени лажици сончогледово масло
  • Сол по ваш вкус

Начин на подготовка

Излупете го кромидот и исечете го на ситни парчиња. Затоплете 3 супени лажици растително масло во тава. Пржете го зеленчукот до добивање на посакуваната кафеаво-златна боја.

Исечете ги колбасите на тенки парчиња.

Излупете и изрендајте ги сите компири и измешајте го со испржениот лук.

Сега додадете го и месото кон зеленчуците. Посолете со зачини по ваш вкус и добро измешајте ги сите состојки.

Земете соодветен сад за печење и поставете ја смесата на дното.

Премачкајте одозгора со слој од кисела павлака.

Загрејте ја рерната на температура од 180°C. Печете го специјалитетот во времетраење од 40 минути.

Пријатен апетит!