Денес ќе зборуваме за една супер маска која може да ја преобрази вашата коса до непрепознатливост, правејќи ја блескава и едноставно совршена, а која воедно е омилена на сите, поради нејзиниот брз ефект.

Во продолжение прочитајте како да ја приготвите

Супер маска со брз ефект до совршена коса

Потребни состојки

  • ½ супена лажица рицинусово масло
  • 1 супена лажица кокосово масло
  • ½ супена лажица витамин Е (течен)

Начин на подготовка

Добро измешајте ги сите состојки заедно, а потоа добиената смеса нанесете ја врз вашата коса. Бидејќи е неопходно, целата смеса добро да се распредели во косата, за таа цел, користете четка за коса.

Следно, врзете ја косата и завиткајте ја во фолија, а потоа завиткајте и во крпа и легнете си.

Доколу немате време или сметате дека не можете да спиете со крпа на главата, тогаш направете ја маската пред спиење.

Следното утро темелно измијте ја маската, употребете 3 пати шампон, бидејќи истата има мазна текстура, па затоа е потребно повеќе миење со вода. Практикувајте го третманот еднаш неделно.

Зошто оваа маска е толку ефикасна?

  • Значително го намалува оштетувањето на косата при бојадисување.
  • Целосно ја регенерира внатрешноста на влакната.
  • Ја прави косата здрава и цврста.
  • Ја прави блескава и освежена.
  • Ја обновува структурата на косата.
  • Го спречува секое нејзино оштетување.