Светлана е блогерка, која самата себеси се нарекува „сопругата на турски султан“. Таа веќе 1 година живее во Истанбул, а претходно живеела во Санкт Петербург, каде всушност и се запознала со нејзиниот иден сопруг.

Сега таа открива како изгледа животот на една Русинка во Истанбул.

„Се чувствувам навистина омажена. Најпрво сите се обидуваат да ме заплашат, раскажувајќи ми за тоа како е да си во брак со Турчин. По 1 година брак започнав да слушам и понеумесни совети како „Не раѓај деца. Ако решиш да се разведеш, никогаш нема да ги видиш.“

Ние сега имаме 2 деца. Дали ни се промени односот? Да. Сега навистина сознавам дека сум омажена. Работам од мојата 12-та година, од кои 5 години не сум имала ниту еден ден слободен и ниту еден ден одмор. Сега не треба да работам воопшто, бидејќи сопругот обезбедува сè за семејството. Навистина се чувствувам заштитена од него и ја имам неговата поддршка.

„Изрод“, „магарешки деца“, „жаба“ и други непријатни изрази често слушам да бидат упатени кон моите деца, а јас кон тие луѓе се однесувам најфино со насмевка. Зошто? Бидејќи не е првпат. Мојата постара ќерка во една пригода беше наречена „грда вештерка“. Овде, луѓето не претпочитаат децата да ги нарекуваат со убави имиња, бидејќи веруваат дека така ќе го спречат нивното урочување.

Мора да носи долги фустани и да готви јагнешко

„Сопругот ми се лути кога носам само една подолга маица во домот, дури и без да излезам на балкон. Тој вели дека наоколу има многу куќи и може некој да ме види. Освен тоа, тој не сака кога јас готвам свинско и кога им дава од истото и на децата да јадат. Вели дека месото мириса лошо и воопшто не е здраво. А искрено кажано, јагнешкото понекогаш мириса драстично полошо.“

Турците се разбираат од вкусна храна

„Не ги сакам јадењата со месо. Си мислев како може да пишувам статии за јадења, кои ниту јас самата не ги сакам.

Зборувајќи за храната, речиси секој турски десерт е потопен во шеќерен сируп. Нивните основни јадења се приготвуваат со доматен сос и големи количества на зејтин. Истовремено, овде доста се консумира донер.“

Одењето низ домот облечен во обувки се смета како престап

„Ако отидете во домот на ваш пријател, секогаш треба да ги соблечете вашите обувки уште пред да влезете во ходникот. Турците никако не одат во домот облечени во чевли. Затоа не е изненадување дека оваа американска навика е шок за турскиот народ. Исто така задолжително е да ги соблечете чевлите пред да влезете во џамија, бидејќи тоа е нивниот втор дом.“

Треба да потрошите доста пари за образованието на вашите деца

„Квалитетното образование во Турција е достапно само за богатите и моќните. Вашето дете има шанси да влезе во државната градника кога ќе наполни 4 години и тоа дури само може да остане по 4 часа таму.  Доколку сакате да го оставите на подолго време, постојат и други групи, но за нив ќе треба дополнително да платите.

Во приватните училишта се плаќа за сè- Храна, учебници, спортска опрема, а вашето дете уште во прво одделение потребно е да има компјутерска опрема, за да може да извршува некои задачи онлајн. Општо пресметано, сумата за училишна година изнесува 6.300 евра.“

Некои бракови не се склучени од љубов

Во денешно време, многу парови не се кријат од родителите дека се заедно, дека патуваат заедно, па дури и дека живеат заедно.

Но, во некои помали турски градови постои строга традиција, која мора да се почитува. Паровите стапуваат во брак, по одлука на родителите. Момчето и девојката дури и не излегуваат заедно додека не стапат во брак.

Медицинскиот туризам се развива многу брзо

Постои еден многу интересен факт за Турција: Сите модерни технологии кои може да се пронајдат во Северна Америка и Европа, може да се најдат и во Турција и тоа со пониски цени за 20-30%.

Во повеќето случаи, луѓето патуваат до Турција за да извршат пластични операции. Еден од најпопуларните третмани е ботокс во стомакот, кој ве прави да изгледате послаби и ви го намалува апетитот.

Цените во Турција

За да го испланирате вашиот буџет во Турција, треба да ги земете во предвид поголемите фактори.

Така на пример, изнајмување вила за цел месец ќе ве чини 1.000 евра, а стан- 200 евра. За да изнајмите автомобил на еден ден ќе ви бидат потребни 30 евра, а за велопсипед- 15 евра.

Ќе потрошите уште дополнителни 30 евра во супермаркет, на храна која ќе ви биде доволна за цела недела. Најудобно е меѓу градовите да се патува со воз.

Внимавајте кога одите на пазар

Иако се многу љубезни и се обидуваат да ви продадат некој производ за наводно ниска цена, всушност трговците се многу итри и производот најверојатно ќе го купите многу поскапо од вообичаеното.

Типичните карактеристики на Турците

  • Ја свртуваат шолјата откако ќе го испијат кафето, за да видат што им приредила судбината.
  • Кога ќе им дојдат ненајавени гости, се трудат да изгледаат многу среќни и велат дека десертот што им е во ладилник го приготвиле токму за нив.
  • Никогаш не се брзаат и нормално секогаш доцнат.
  • Го бакнуваат човекот по блуза, па дури и ако првпат го запознаваат.
  • Во кафеана не ја делат сметката, туку се расправаат кој попрво да ја плати.