Просечниот човек има околу 30-40 бенки на своето тело. За среќа, не постои поврзаност меѓу бројот на бемки и меланом.

Но, карактеристиките на бенките се она на што треба да обратиме посебно внимание. Редовното сопствено прегледување на телото може да ви помогне да забележите доколку има нешто што е сомнително, за да навреме добиете стручна помош и притоа успешно да избегнете било какви несакани последици.

Во продолжение следуваат основните концепти на популарното правило AГБДР (анг.ABCDE)  кои можат да ви помогнат да препознаете какви било можни промени кај бенките во рана фаза. И како бонус, ќе најдете друга дијагностичка техника што ја подобрува точноста на пристапот АГБДР.

1. А е за Асиметрија

Асиметријата може да биде знак дека нешто не е во ред со бенката. Нормалната бенка треба да биде симетрична, што значи дека и двете нејзините половини треба да изгледаат исто. Тие треба да се совпаѓаат една со друга по големина, боја и форма. Доколку нацртате замислена линија на средината од бенката, визуелно треба да видите 2 дела што си одговараат.

2. Г е за Граница

Бенигните бенки обично имаат мазни и добро дефинирани граници, додека при малигните најверојатно ќе забележите неправилни и нерамни граници. Рабовите можат да бидат заматени и може постепено да исчезнат во околната кожа.

3. Б е за Боја

Присуството на многу бои при една бенка може да биде вознемирувачки сигнал бидејќи здравите бенки треба да бидат една боја (обично кафеава). Доколку бенката се состои од различни нијанси на кафеава, црна, црвена, бела или сина боја, тоа може да биде црвено знаме дека е време да посетите дерматолог.

4. Д е за Дијаметар

Важно е да се обрати внимание на големината на бенката: Доколку е поголема од 6 милиметри, тоа може да биде предупредувачки симптом. Некои меланоми можат да бидат помали од ова во раната фаза. Затоа е подобро да внимаваме на другите знаци и да не доаѓаме до заклучоци кои се засноваат само на една карактеристика.

5. Р е за Развој

Обратете внимание како вашата бенка се менува со текот на времето. Може да се појават некои разлики во големината, формата или бојата. Нејзината текстура може да се промени кога бенигната бенка се претвора во меланом. Доколку забележите било какви промени или нови симптоми како болка, оток или чешање, не ја одложувајте посетата на лекар.

Бонус: „Симптомот на грдото пајче“

„Симптомот на грдото пајче“ е алтернативен пристап за откривање на малигност кај бенките, што може да се комбинира со правилото АГБДР за подобар начин на воспоставување сопствена дијагноза. Според овој концепт, неопходно е, не само да се проверат бенките поединечно дали одговараат на критериумите на нормалните бенки, туку да ги споредиме и со останатите бенки на телото. Бенките кои изгледаат најразлично од останатите, се најверојатно оние што би можеле да бидат малигни.

Факт е дека раното дијагностицирање и препознавање на опасните бемки може да ни го спаси животот. Дури и најмалите промени заслужуваат да бидат проверени од дерматолог. Дерматолошко-естетската ординација на Д-р Анчевски нуди врвен квалитет од областа на дерматохирургијата и компјутеризирана дерматоскопија на бемки и други промени на кожата. Покажете дека се грижите за вашето здравје и закажете си консултации уште денес.

Во продолжение, следниот тест ќе го зголеми вашето знаење и може да ви помогне како подобро да ги разликувате бенките:

ТЕСТ: Дали ги разликувате опасните од обичните бемки?