Јајцето е една од најупотребуваните состојки во кујната, но кога се приготвуваат со варење, подоцна лупењето на јајцата знае да биде навистина здодевна обврска.

Покрај тоа што нивното лупење ни оди на нерви, на крај дури ниту резултатот не е онака како што посакуваме, а често јајцето изгледа далеку од совршено.

Но, без грижи, за да ставиме крај на овие кулинарски маки, за денес ви откриваме феноменален трик, кој се прави многу лесно, а резултатот е брз и беспрекорен.

Златен практичен трик за брзо лупење на јајца

Сè што треба да направите е да ги продупчите (зборуваме за сосема мала дупка) јајцата со тенка игла. Вметнете ја иглата на 3-5 милиметри внатре во јајцето.

Потоа поставете ги јајцата во тенџере со студена вода и оставете ги да се варат.

За да добиете меко сварено јајце, гответе не повеќе од 2 минути откако водата ќе зоврие, за потврдо сварени јајца неопходни се 4 минути, а за сосема тврди- околу 10 минути.

Отстранете го тенџерето од оганот, поставете го во мијалникот, отстранете го капакот и пуштете студена вода да тече неколку минути во истото.

На овој начин, лушпата на јајцата ќе се излади побрзо, а јајцата ќе се излупат поради дупката што претходно ја направивте на нивната површина.