Често откако ќе забележиме дека хулахопките се скинати или веќе не може да ги носиме, брзаме истите да ги фрлиме, а всушност еве на кои 6 начини може да ги употребиме.

1. Торба против молци

Од хулахопките може да сошиете торба и истата да ја наполните со сува лаванда и на овој начин ќе добиете идеално домашно средство против молци.

2. Полирање на мебел

Најлон, односно материјалот од кој се изработени хулахопките совршено може да ви помогне беспрекорно да го исполирате мебелот во вашиот дом и да му дадете блескав изглед.

3. Мрежа против комарци

Со помошта на најлонот може целосно да ја затворите секоја дупка на мрежата за комарци и на овој начин најефикасно да го спречите навлегувањето на овие здодевни инсекти во вашиот дом.

4 Домашен освежувач

Слично како торбата против молците, наполнете ја со ароматични билки и цвеќиња, а добиениот домашен освежувач може да го поставите во вашата спална или дневна соба.

5. Заштита за метла

Синтетичката цврстина на хулахопките ќе придонесе да се продолжи животниот век на метлата, односно истата ќе ја направи поцврста и подолготрајна за употреба.

6. Филтер за правосмукалка

Овој генијален метод ќе ви помогне со правосмукалката да ги соберете и најситните детали. Поставете го најлонот врз цревото на правосмукалката, а тоа ќе ви послужи како еден вид филтер и нема да дозволи повеќе да ги губите обетките и сличните мали ситни предмети.