Денес ви откриваме еден брз, многу лесен за правење и неверојатно вкусен рецепт, кој е совршена идеја за овие топли летни денови.

Запознајте го оригиналниот рецепт за омлет на италијански начин или т.н италијанска фритата.

Аромата која ќе се создаде од кујната ќе ви помогне да ги поканите вашите најмили на маса и заедно да уживате во извонредниот вукс на деликатесот.

Потребни состојки

  • 4 јајца
  • 100 грама колбаси или сувомеснато, по ваша желба
  • 1 пиперка
  • 30 гр сирење
  • 3 компири
  • 1 главица лук
  • Сол, црн бибер и зачини по ваш вкус

Начин на подготовка

Процесот на готвење започнува така што, најпрво ги варите компирите. Додека тие се варат, исечете го лукот на тенки кругови, а зачините на ситни делови. Колбасот исечете го на мали коцки.

Во сад за готвење ставете малку масло и запржете го лукот и зачините заедно. Гответе околу 5 минути.

Потоа, исечете го сварениот компир на мали коцки и додадете ги во садот заедно со лукот и зачините и истовремено додадете ја солта и црниот бибер. Добро измешајте ги состојките, сè додека не ја добиете потребната златно-кафеава боја.

Во длабок сад, измешајте ги јајцата и додадете го колбасот.

Во сад за печење, распоредете ги на целата површина зеленчуците, потоа додадете ја преостанатата смеса, односно колбасот со јајцата и сварениот компир со зачините.

Печете на 180°C степени, во времетраење од 10 до 15 минути. Пет минути пред самиот крај, врз вкусната фритата додадете рендан кашкавал или сирење по ваша желба.

Пријатен апетит!