Болката во мускулите или миалгија е исклучително чест проблем, со кој се соочуваат повеќето луѓе. Стресот, напорот и прекумерената физичка активност се сметаат за најчести причини за појава на мускулните болки.

Доколку истите продолжат подолг временски период, тоа може да биде индикатор за сериозни здравствени проблеми.

Но, постојат неколку ефикасни методи за ослободување од болката во мускулите на едноставен начин.

Тие стари методи се користени од луѓето ширум светот, кој ја докажале ефективноста на третманите. Покрај тоа, иститите се безопасни за употреба и во ниту еден случај не можат да му наштетат на вашето здравје, што не може да се каже за употребата на лекарства.

Природни средства за ослободување од мускулната болка

1. Купка со англиска сол

Природната англиска сол со хемиски состав магнезиум сулфат, помага во намалување на мускулното воспаление и ги ублажува мускулните болки. Воедно, таа ги намалува болките во мускулите при хронични заболувања како фибромиалгија.

За подготовка на овој третман, потребно е во наполнета када со топла вода да додадете 1-2 чаши од солта и да се опуштите во купката во времетраење од 15-30 минути.

Лековитата купка го опушта телото, го намалува стресот и ги ублажува мускулните болки и спазмите.

2. Јаболков оцет

Ова е еден од најефикасните средства за брзо ослободување. За подготовка на напитокот, едноставно може да го додадете во чаша топла вода и така да го консумирате или пак, да го нанесете на зоната каде ја чувствувате болката.

Антивоспалителните и анаглетски својства на јаболковиот оцет не само што ја намалуваат болката во мускулите, туку можат и ефективно да ги обноват истите.

3. Лути пиперки

Во составот на лутите пиперки влегува т.н капсаицин, кој ја намалува болката предизвикана од артритис, болката во зглобовите и општо мускулните болки.

За подготовка на смесата потребно е да измешате ¼ до  ½  кафена лажица мелен лут црвен пипер со една чаша масло за готвење или топло кокосово масло. Смесата нанесете ја на областа каде што ја чувствувате болката и по нанесувањето, добро измијте си ги рацете. Држете ја лутата паста подалеку од вашите очи, уста и нос, за да избегнете надразнување на тие сензитивни места.

4. Сок од цреша

Се смета дека антиоксидантите откриени во составот на црешите, наречени антоцианини, можат многу ефикасно да го намалат воспалението и да ве ослободат од болката во мускулите. Консумирајте сок од цреша за да го добиете посакуваниот ефект.

5. Магнезиум

Ниските нивоа на магнезиум во организамот можат да доведат до појава на болка во мускулите и спазми. Потребно е да започнете со внесување на магнезиум во вашето тело, а тоа најдобро ќе го постигнете со консумирање на храна богата со овој елемент, како што се на пр. семките, спанаќот, какаото, ленено семе, сончоглед, бадеми, индиски ореви итн.