Запознајте го Иранецот Аму Хаџи. Тој е роден во 1934-та година и во светот стана познат поради фактот што истиот се нема капено неверојатни цели 60 години! Тој престанал да се капе кога бил мал, поради настаната психолошка и емоционална траума.

Денес мажот буквално се плаши од вода. Во принцип, старецот не јаде свежа храна и не пие чиста вода. Тој претпочита да јаде гнило месо и користи нечист резервоар за бензин како сад за вода, веќе неколку години. Обожава да пуши цигари и живее во пештера во јужниот дел од Иран.