Секоја успешна приказна започнува со една или неколку личности кои биле доволно самуверени да ги надминат пречките и да ја остварат својата цел. Таква е и приказната за производот кој денес се користи низ целиот свет, а пред 165 години бил привилегија за мала заедница, која не била целосно свесна за неговата вредност.

Во северните делови на Норвешка маслото од црн дроб на бакалар се користело уште пред илјадници години. За да преживеат во тешките услови на северот, со недостаток на сонце во текот на зимата (а со тоа и недостаток на витамин Д), локалното население брзо научило дека дневното користење на маслото од црн дроб на бакалар е одличен третман за здравјето во целина, но исто така и за превенција од рахитис или ревматски заболувања. Маслото се употребувало скоро за се: за светилки, преработка на животинска кожа, третирање чамци и бродови за да се спречи појавата на ледена покривка.

Кој ја започнал приказната за најдоброто масло од црн дроб на бакалар?

Сепак поминало доста време додека маслото од црн дроб на бакалар да му стане познато и на светот. Првите медицински сведоштва датираат од 1789 година во Манчестер, кога д-р Дарби го користел маслото од црн дроб на бакалар за третирање на ревматизам. Во 1824 година маслото од црн дроб на бакалар се споменува во германските публикации како третман за рахитис. Но, во средината на 19-тиот век, норвешкиот фармацевт Питер Јоахим Молер ги постави темелите за модерно производство на масло од црн дроб од бакалар со Möller’s маслото од црн дроб на бакалар.

Питер забележал дека жителите на западниот брег на Норвешка ретко се разболуваат поради честата употреба на масло од црн дроб на бакалар. Така започнал неговиот стремеж да пронајде методи за производство на сурово масло од црн дроб со подобар вкус, поголема чистота и по прифатлива цена.

Како со нови методи Молерс ги убеди луѓето со стари убедувања?

Така, тој го развил и патентирал методот на употреба на пареа за да го извлече маслото од црниот дроб на бакалар, со што ги зачувал хранливите материи. Ова е почетокот на неговата компанија, основана во 1854 година во Лофотен, на норвешкото крајбрежје на Арктикот, со најчисти ладни води и суровина со највисок квалитет.

На почетокот Питер имал проблем да ги убеди луѓето дека новото масло од црн дроб на бакалар е добро, бидејќи повеќе го немало „ужасниот вкус“, а луѓето живееле според убедувањето дека „добиот лек мора да има лош вкус“. Но, Питер не се откажува. Тој со помош на научни и медицински истражувања ги побива „народните верувања“ и конечно ги убедува луѓето во вистинската вредност на Möller’s маслото од црн дроб на бакалар.

Во 1870 година Möller’s маслото од црн дроб на бакалар почнува да се продава и во САД. Постојано низ годините продолжуваат да се докажуваат придобивките од Möller’s маслото од црн дроб на бакалар и довербата кај потрошувачите е целосно остварена. Без разлика под чие раководство била компанијата Möller’s, рецептот на создавање на најдоброто маслото од црн дроб на бакалар останал ист и до денес.

Традицијата не се менува, традицијата продолжува и докажува дека луѓето секогаш ќе се определат за најздравото и најдоброто. Möller’s маслото од црн дроб на бакалар содржи висока концентрација на природни масни киселини Омега-3, како и витамини Д, А и Е кои се совршен начин да се погрижите за вашето и здравјето на вашите најмили.

MÖLLER’S можете да го купите во аптеките на Виола, Зегин, Еурофарм, Бети, ДНА Анни Фарм, Дона Фарм, Галениум Фарм, останатите приватни аптеки и дрогериите на ДМ.