За секој родител најважно му е здравјето на своето дете, но исто така секој родител знае дека една од најтешките задачи е најмилите да се убедат да консумираат одредена храна или лекови кои се од корист за нивното здравје. Децата во глобала се заинтеренсирани за работите кои изгледаат „забавни“, а често производите кои се добри за здравјето на децата не ја нудат оваа опција. Но, Möller’s нуди совршено решение за вашите проблеми.

Подобрен имунолошки систем е желба на секој родител за своето дете, а сега има начин малите палавковци и да уживаат во процесот. Повеќе од 165 години Möller’s се грижи за здравјето на цели семејства како експерт за природна Омега-3, а сега има и прозвод кој дефинитивно ќе ги воодушеви најмладите.

Запознајте ја „Рипката Моли“. Моли ќе стане најдобриот пријател во зајакнување на имунитетот на вашето дете благодарение на природните омега-3 есенцијални масни киселини (ДХА и ЕПА) и витамин Д. Станува збор за рипчињата за џвакање со пријатен вкус на јагода, на кои ниту децата ниту возрасните нема да можат да одолеат. Нема да гледате намуртени мали лица затоа што воопшто немаат вкус на риба, ниту пак содржат вештачки бои.

Во овој период на настинки и грипови и кога имунолошкиот систем е најважното оружје за сите нас, Моли нуди едноставен и ефикасен начин вие и вашето дете да уживате додека се грижите за своето здравје. Благодарение на ДХА и ЕПА масните киселини се нормализира функцијата на срцето, а исто така ДХА придонесува и за одржување на нормална функција на мозокот и видот. Додека пак витаминот Д го одржува имунолошкиот систем и здравјето на забите. Möller’s исто така го подобрува апетитот кај децата и возрасните.

Рипчињата за џвакање можат да ги консумираат деца над 3-годишна возраст и возрасни и тоа со џвакање на 2 гумени рипчиња на ден. Едно пакување содржи 36 рипчиња, а во дневната доза имате 560 мг концентрирано рибино масло, 370 мг омега-3 масни киселини, 280 мг ДХА, 56 мг ЕПА и 10 мкг – 400 и.е. (200% *) витамин Д.

Кога станува збор за вашето здравје и за здравјето на вашите најмили не одолговлекувајте, искористете го најдоброто на пазарот, изберете го Möller’s и „Рипката Моли“, чувари на вашето семејство.