Љубовта, грижата и поддршката од бабите и дедовците имаат неверојатно благопријатен ефект врз внуците, докажаа многубројни истражувања.

1. Се намалува ризикот од депресија

Емоционалната блискост на бабите и дедовците со внуците придонесува за намалување на ризикот од појава на депресија кај истите. Истражувањето, објавено во „Геронтолог“, вклучило 356 внуци и 374 баби и дедовци. Притоа, научниците од Бостонскиот универзитет ги анализирале деновите во временски период од 19 години и докажале дека присуството на бабите и дедовците во животот на внуците го намалува ризикот од депресија.

2. Се зголемува чувството за стабилност и сигурност

Бабите и дедовците го зголемуваат чувството за стабилност и емоционална сигурност на своите внуци, при што за време на трауматични ситуации или семејни расправии, бабите и дедовците најчесто им се најголема поддршка, што им помага на децата полесно да се справат со настанатите стресни ситуации.

3. Се олеснува задачата на родителите

Родителите понекогаш немаат доволно време за игра и разговор со своите деца, при што бабите и дедовците најчесто ги заменуваат во оваа улога. Покрај тоа, тие помалку им се караат на внуците, што пак резултира со децата да бидат поотворени кон нив и спремни да ги споделуваат своите тајни.