Факт е дека сè повеќе пријателства меѓу младите луѓе на социјалните мрежи прераснуаат во вистински и силни пријателства, па дури и брак.

Убавата и паметна Нгуен Уанг Ан е вистинска претставничка на младата и енергична генерација. Таа успешно го завршила факултетот во Ханои, во 2015-та година и започнала да ја гради својата кариера.

Нејзините животни соништа се сосема едноставни: Да запознае добар човек, да направат свадба и потоа да создадат семеен живот, кој ќе го крунисаат со деца.

Затоа младата дама внимателно разгледала повеќе профили на Фејсбук и решила на овој начин да ја прошири листата на потенцијални кандидати за брак.

И покрај тоа што веќе размислувала за еден џентлмен, сепак избрала друг. Му ги разгледала фотографиите и мажот изгледал пријатно во секоја смисла на зборот. Тој би скромен, незабележителен, но сепак нешто ја привлекло. По подолго убедување, мажот се согласил да го сподели својот личен контакт со девојката.

Младиот човек се викал Данг Туан и тој работел во Русија. Бидејќи девојката се наоѓала во Ханои, нивното секојдневно допишување придонело нивните осамени срца да се зближат многу повеќе и меѓу нив се родила искрена љубов.

Само 10 месеци биле доволни младата жена да открие дека чувствува нешто силно кон Данг и да посака да се омажи за истиот. Одговарајќи со „да“ на неговиот предлог за брак, идната свекрва рекла дека девојката прави огромна грешка поради непромисленост.

Бидејќи Данг ја негувал традицијата, сакал да добие и благослов од родителите на Ан и за таа цел, отпатувал во нејзиниот роден Виетнам, каде престојувал неколку месеци и се грижел за нејзините родители, кои веќе многу го засакале нивниот иден зет.

Кратко време откако Данг го добил саканиот благослов, идната невеста ја разоткрила неговата „страшна“ тајна.

Парот стапил во брак во текот на 2018-та година, а по тој повод имале огромна луксузна свадба. Од каде толку пари?

Откако го добил благословот од нејзините родители Данг ја земал Ан со себе назад во Русија, каде требало да заврши некаква работа. Тогаш девојката открила дека младоженецот е генерален менаџер на една од најголемите руски модни компании и дека тој всушност е милионер.

Скромниот изглед на социјалните мрежи го претставувале неговото вистинско лице и секојдневие. Тој работи многу и вложува голем труд да успее, наместо да се обидува да ги импресионира луѓето со луксуз.

Неговата скромност била и еден вид тест за идната невеста, односно дали избраничката за сопруга може да го сака вистински, а не поради неговото богатство. Тестот се покажал како успешен и затоа тој би сигурен во чувствата на Ан.