Овие турски банички со сирење се совршената лесна ужина. Нежни и вкусни, а најважното од сè, остануваат меки со денови. Се приготвуваат брзо и лесно, а за истите нема да ви биде потребен квасец.

Турски банички со сирење, без квасец

Овие турски банички со сирење се совршената лесна ужина. Нежни и вкусни, а најважното од сè, остануваат меки со денови. Се приготвуваат брзо илесно, а за истите нема да ви биде потребен квасец.
Вкупно време1 час
Оброк: закуска
Кујна: Турска
Клучни зборови: банички со сирење, банички
Порции: 4

Состојки

  • 430 гр брашно
  • 12 гр пециво
  • 3 јајца
  • 100 гр путер
  • 1 кафена лажица шеќер
  • 1 кафена лажица сол
  • 60 мл масло за готвење
  • 100 мл кисело млеко
  • 15 мл оцет

За филот

  • 1 јајце
  • 250 гр сирење или урда

Начин на подготовка

  • Во длабок сад, исипете го путерот на собна температура, притоа додадете го шеќерот и солта и добро измешајте ги состојките. Додадете масло, оцет и кисело млеко и повторно добро измешајте, до добивање на соединета смеса.
  • Следно, изматете 2 јајца + 1 белка ( жолчката одделете јаза премачкување) и додадете ги во претходната смеса. Повторно добро измешајте до конзистенција. Додадете го брашното на порции, пресеано со пецивото. Замесете го тестото со лажица, а потоа продолжете да месите со раце (премачканисо масло). Ќе добиете многу меко, нежно и деликатно тесто, кое не се лепи по прстите.
  • Поделете го тестото на топки, а потоа пригответе го филот, со мешање на јајцето и сирењето (урдата).
  • Земете парче тесто, нанесете малку брашно, обликувајте го тестото со раце до потенка и плосната пита. Во средина поставете од филот и притиснете го одозгора тестото со прсти.
  • Добро оформете ги сите банички, подредете ги во сад, со хартија за печење, одозгора премачкајте со жолчки и печете 30-35 минути во претходно загреана рерна на 200°C.