Во длабок сад, исипете го путерот на собна температура, притоа додадете го шеќерот и солта и добро измешајте ги состојките. Додадете масло, оцет и кисело млеко и повторно добро измешајте, до добивање на соединета смеса.
Следно, изматете 2 јајца + 1 белка ( жолчката одделете јаза премачкување) и додадете ги во претходната смеса. Повторно добро измешајте до конзистенција. Додадете го брашното на порции, пресеано со пецивото. Замесете го тестото со лажица, а потоа продолжете да месите со раце (премачканисо масло). Ќе добиете многу меко, нежно и деликатно тесто, кое не се лепи по прстите.
Поделете го тестото на топки, а потоа пригответе го филот, со мешање на јајцето и сирењето (урдата).
Земете парче тесто, нанесете малку брашно, обликувајте го тестото со раце до потенка и плосната пита. Во средина поставете од филот и притиснете го одозгора тестото со прсти.
Добро оформете ги сите банички, подредете ги во сад, со хартија за печење, одозгора премачкајте со жолчки и печете 30-35 минути во претходно загреана рерна на 200°C.