Како што омилените бои, хороскопските знаци, квизовите и вкусот за музика може да открие многу за нас, така може и нашиот избор на вино.

Според престижното американскот списание „Храна и вино“, истражувањето спроведено од компанијата за вино, Коравин, кое вклучило повеќе од 2.000 испитаници, открило интересни карактерни разлики меѓу луѓето кои претпочитале црвено во однос, на кои повеќе сакале бело вино. (За жал, нема податоци за консументите на розе вино, може во истражувањето следната година)

Во рамките на истражувањето, испитаниците одговориле дека консумираат 4 или повеќе чаши вино на неделно ниво. А истовремено 72% од нив одговориле дека нивното омилено место за уживање во пијалокот е самиот дом, додека останатите повеќе уживаат кога пијат вино на социјални настани.

Но, кога станува збор за самиот избор на какво вино ќе пијат, еве што открило истражувањето.

Ако вашиот избор на вино е црвеното вино тогаш вие сте интроверт, ранобудник, ги преферирате кучињата за миленици, слушате џез, имате авантуристички дух, скромни сте и многу организирани.

Доколку пак, го обожавате белото вино, тогаш вие сте екстроверт, ноќна птица, ги преферирате мачките за миленици, слушате панк, љубопитни сте, саркастични и перфекционисти.

Буквало, тотални спротивности. Измеѓу овие карактеристики, најверојатно спаѓаат љубителите на розе вино.

Секако, без разлика кое вино е вашиот избор, неговото умерено консумирање е добро за срцето, а тоа е најважно.