Според источната медицина секоја боја има своја енергетска фреквенција и е одговорна за различни органи од човечкото тело. По таа логика, ако сте на разнобојна диета, може да ги добиете сите неопходни витамини и минерали. Црвена, портокалова и жолта согоруваат и стимулираат, сините и виолетовите ладат и смируваат, зелените создаваат баланс и хармонија. Црвените производи (домати, малини, јагоди, вишни, лосос, рибизли, цвекло, црвен кромид, итн) треба да станат незаменлив дел од менито, особено за појадок и ручек, бидејќи исполнуваат со енергија. Избегнувајте да ги јадете доцна навечер, бидејќи кај чувствителните личности можат да предизвикаат возбуда дури и несоница.

Освен тоа црвената храна ја олеснува работата на желудникот и ги исфрла токсините од организмот. Ве стимулира да ги постигнете поставените цели, Ве инспирира и Ви дава самодоверба. Сосема е возможно да се извлечете од депресивните расположенија, само ако додадете повеќе црвени производи кон вашата исхрана. Тие ќе Ви помогнат да бидете повеќе концентрирани, ќе ги стимулираат надбубрежните жлезди, ќе Ве излечат или заштитат од анемија. Ако во текот на зимата се чувствувате уморни, ќе Ве вратат во форма ќе Ви го зајакнат имунолошкиот систем, а како бонус и ќе Ве загреат. Црвените плодови и зеленчуци се исклучително корисни за кардиоваскуларниот систем, бидејќи содржат ликопен.

Цреши – богати со антиоксиданси, ги ублажуваат болките и воспаленијата. Извор на влакна, калиум, витамин А. Ефикасен во борбата против дијабетес, рак, артритис..

Калинка – го намалува крвниот притисок, помага против дијабетес, рак на простата, артритис, еректална дисфункција. Содржи полифеноли и танини.

Цвекло – содржи фолна киселина и витамин Б, потребни за раст на новите клетки, го зајакнува имунитетот.

Црвени лути пиперки – ги штитат крвните садови, го засилуваат либидото, го подобруваат метаболизмот.

Домати – Голем извор на витамин Ц, А, калиум. Содржат ликопен – антиоксидант кој се бори со стареењето на кожата и брчките, против рак и болести на срцето. Обезбедуваат природен UV филтер.