Бидејќи безбедносните системи денес се пософистицирани, крадците треба да бидат покреативни со своите измами. Од дуксер на шофершајбната до барање да придржите бебе, тие лесно можат да најдат начини да го привлечат вашето внимание и да украдат нешто од вас. Затоа, за да ги дознаеме нивните заговори, понекогаш треба да размислуваме како нив.

Ние имаме неколку практични совети што може да ви се најдат во иднина.

1. Скршена камера од телефонот

Некои крадци користат телефон како стратегија за да ве измамат. Ќе ви пријдат, ќе ви го дадат телефонот и ќе ве замолат да ги сликате. Меѓутоа, додека се обидувате да фотографирате, сфаќате дека камерата на телефонот е скршена. Потоа, кога ќе им го вратите телефонот, започнуваат проблемите.

Ќе видите дека нивната реакција почнува да се менува, тие ќе се налутат и ќе почнат да ве обвинуваат за скршената камера. Тогаш измамникот почнува да бара пари бидејќи според него вие сте виновни. Бидејќи некои од овие ситуации можат лесно да ескалираат и да станат опасни, подобро е да бидете селективни кога избирате кого да фотографирате.

2. Имитирање полициски службеник

Оваа замка за жал е многу честа . Пред се` , кога измамниците имитираат полицаец, ќе ви постават многу лични прашања, а можеби и ќе се интересираат и за вашите финансии. Бидејќи крадецот е „полицаец“, ќе се чувствувате должни да му ги дадете вашите информации.

Исто така крадецот може да го користи маскирањето за го провери вашиот паричник дур ги вадите документите за идентификација кои ви ги побарал. Плус ако ви затропаат на врата, може да гп пуштите внатре во домот. Затоа, кога ќе ви пријде полицаец, подобро е да побарате да ви покаже значка (или друг вид идентификација) пред да одговорите на какви било прашања.

3. Држење нечие бебе

Ако некој што не го познавате ве замоли да го држите нивното бебе, највројатно се работи за замка. Ова се случува затоа што кога  го држите бебето вие не обрнувате внимание на ништо друго, па така лицето што ви го дало бебето, или друго лице што стои зад вас, може да посегне по вашиот паричник. Единствениот начин на кој можете да го избегнете ова е да бидете повнимателни за околината и ситуацијата.

4. Флаери

Иако ова може да изгледа едноставно и неефикасно, крадците навистина користат флаери за храна за да ве ограбат. Тие избираат неколку домови и оставаат флаери на прагот. Ако не бидат земени тоа значи дека сопствениците се најверојатно на одмор, а домот е лесна мета.

5. Облека на шофершајбната

Во последно време, има многу луѓе кои наоѓаат облека оставена на шофершајбната или завиткана околу бришачите. Ако некогаш се најдете во оваа ситуација, не отстранувајте го парчето облека веднаш!

Крадците го користат овој метод за да ви го одвлечат вниманието. Додека се обидувате да ја одврзете и тргнете облеката тие ве напаѓаат одзади и ве ограбуваат. Ова обично се случува на паркинг места или во гаражи кои не се добро осветлени.