Кога имате пари, можете да си дозволите се`, вклучително и летови во бизнис класа. Се разбира, секогаш има разгалени богати луѓе и нивните барања честопати се граничат со лудило. Ова се некои од необичните барања со кои се соочува персоналот од бизнис-класата.

Бунт поради лешници

Веројатно еден од најпознатите инциденти во воздушниот сообраќај се случи во 2014 година при полетување од аеродромот во Њујорк, а причината беше – сервирање лешници. Имено, Чо Хјун Ах, ќерка на сопственикот на јужнокорејската авиокомпанија во чиј авион се случил инцидентот, кренала паника околу начинот на сервирање на лешниците. Тие биле дадени на патниците во дрвено канче, а Чо сметала дека морало да се служат исклучиво на чинија. Бесна, направила инцидент, ги повикала стјуардот и шефот на кабинскиот екипаж, им наредила да клекнат пред неа, да се извинат, а потоа им наредила да се симнат. Поради сето ова, авионот доцнел 20 минути, а разгалената дама завршила во затвор три месеци поради загрозување на безбедноста.

Сакам пижами

Двајца патници од прва класа кои летале од Мелбурн жестоко протестирале кога вработените им рекле дека не можат да добијат пижами со поголем број бидејќи во моментот ги немаат. Така, тие одлучиле да не полетаат и побарале да се симнат. Нивното барање било исполнето, а пилотот им ја објаснил на другите патници во авионот причината зошто доцнат, велејќи дека „некои патници не сакаат да се качат на авионот ако немаат доволно големи пижами“.

Може ли да ја намалите бучавата на моторот?

Некои родители не се срамат кога станува збор за нивните деца, па така еден патник побарал моторот се исклучи за момент. Приказната на Редит ја сподели еден од патниците: “Јас не сум дел од персоналот, но летав во прва класа од Дубаи до Њујорк. Во еден момент седев и не можам да верувам во она што го слушам, човек, мртов ладен, го прашува стјуардот дали пилотот може да го исклучи левиот мотор за неговиот син да може да спие мирно “. Дали треба коментар за ова?

Надомест за нередот

Една жена која летала за Лас Вегас се полила со вода, а потоа барала да ѝ донесат пет вотки и десет ќебиња како компензација за „страдањето“. Повторуваме, таа самата се потопила, но жената, според вработените, била во видно алкохолизирана состојба, и во еден момент почнала да се преправа дека била нападната од персоналот.

Не го сакам моето место

Ивана Трамп, поранешна сопруга на поранешниот американски претседател, беше избркана во 2009 година. Имено, за почеток, таа била незадоволна од седиштето што ѝ било дадено, а кога видела дека има деца во нејзина близина, почна да вреска велејќи дека  сака да си оди дома. Таа дури почнала да пцуе едно дете, па наскоро и се исполнила желбата да се симне од авионот.

Зошто мојот пријател не може да дојде со мене

 

Пејачката Кортни Лав била уапсена во 2003 година на аеродромот Хитроу во Лондон поради нејзиното агресивно однесување. Лав викала и го навредувала персоналот кој не дозволил нејзиниот пријател да седне до неа во прва класа, а персоналот не можел да го дозволи тоа бидејќи нејзиниотпријател нема билет за прва класа. Кортни се смирила откако била уапсена.