Ако сте биле родени пред 90 -тите, веројатно сте станале жртви на барем неколку модни трендови од оваа ера. Сина и светкава сенка за очи, исцртани усни, преголеми јакни и кошули со вратоврска. Ако мислевте дека никогаш повеќе нема да слушнете за нив, грешите, бидејќи тие постојано се враќаат во мода.

Ние бевме изненадени кога дознавме дека не сите трендови за убавина и мода што изгледаа смели во 90 -тите, останале во минатото. Некои од овие трендови сe` уште се практикуваат и еве како тие изгледале порано, а како изгледаат денес.

Сина сенка за очи

Сината сенка за очи беше класика во 90 -тите години. Гледавме девојки со сини очни капаци на ТВ, во списанија и на сите забави. Овој тренд изгледаше уште попривлечен кога сината сенка за очи се совпаѓаше со синиот фустан или блуза. Изгледа дека славните личности како Дуа Липа го враќаат овој тренд.

Видливо исцртани усни

Еве уште еден тренд за шминкање од минатото што го гледаме како се враќа во живот. Од модерните професионалци за шминка, знаеме дека исцртувањето на усните над нивната природна форма може да ги направи  да изгледаат пополни. Тоа е токму она што го правевме во и 90 -тите години.

Светкава сенка за очи

Во 90 -тите, светките беа насекаде: облека, кожа, усни и очни капаци. Иако денес не ги гледаме толку многу, некои познати личности сакаат да ставаат блескав акцент на нивните очи. На пример, Дуа Липа носи светкави сенки за очи во светли бои.

Чокери

Ако ги прелистаме фотографиите на познати личности од 90 -тите, повеќето жени на овие слики најверојатно би носеле некој вид на чокер. Постојат различни видови, од широки кадифени ленти украсени со кристали до тенки кожени врвки врзани во машничка. Изгледа дека луѓето се чувствуваат носталгично за овој тренд па затоа се почесто гледаме како се носат чокери.

Преголеми костуми

Порано костумите (дури и оние наменети за жени) не требаше да одговараат на фигурата. Високите раменици и широките стилови беа обележја на костумите, јакните и палтата од ерата на 90 -тите, а ние се` уште ги гледаме овие кроеви денес.

Кошули и блузи кои се врзуваат напред

Дали се сеќавате како ние врзувавме блузи и кошули околу половината? Овој мал моден трик се чини дека никогаш нема да излезе од мода, и многумина од нас се` уште го користат за да додадат нов детал на нашата стара облека и да ја направат да изгледа попривлечно.

Карирани костуми

Легендарниот жолт кариран костум што го носеше Алиша Силверстоун во филмот „Clueless“ од 1995 година, се` уште инспирира многу дизајнери. Кога ја видовме Оливија Палермо како го носи својот кариран костум во бледо жолта боја на модна ревија во 2018 година, веднаш се сетивме на Алисија и филмот. Дали го имавте истото чувство?

Сатенски фустани

Фустани од сатен беа насекаде во 90 -тите: модни ревии, црвениот тепих, филмови и списанија. Денешните познати личности често избираат сатенски фустани, па дури и ги носат за големи настани како што се доделување на награди.

Кожени палта

2 -те фотографии погоре се направени со разлика од 24 години, но погледнете само колку се слични овие стилови. Кожата изгледа дека никогаш не излегува од мода, и добро е што во денешно време можеме да избереме алтернативи за еколошка кожа и да уживаме во стилот без грижа на совест.