Живеењето заедно како двојка е важна пресвртница во врската. Од вас се бара да се отворите еден за друг и да се видите едни со други во вистинско светло.

Иако е прекрасно да го делите просторот и да поминувате уште повеќе време заедно, можеби ќе научите нешто ново за вашиот брачен другар кога станува збор за нивното однесување дома.

Овие сопржници споделуваат некои од најчудните работи кои ги дознале за своите партнери дури откако се венчале и живееле заедно.

Без разлика дали се работи за чудни навики во спалната соба (не, не тие) или сомнителни хигиенски практики, по се изгледа дека брачниот живот не е само блаженство.

  • Повремено, мојата сопруга ќе стане од креветот, но се` уште заспана. Првите неколку пати кога го направи тоа мислев дека ќе оди во тоалет или ќе пие вода, но таа само стоеше таму. Се обидов да разговарам со неа и кога таа не одговори, сфатив дека спие.

 

  • Мојот сопруг е ужасен во наоѓање работи. Може тоа што го бара да биде пред него и тој нема да може да го најде! Ги криев неговите подароци ставајќи ги на стол во нашата спална соба и никогаш не ги најде.

 

  • Мојот сопруг нема „копче за исклучување“. Ако не го слушам, тој сам си зборува. Си зборува сам со себе и додека се тушира. Тој ги паузира видеата на YouTube за да даде коментар на глас. Тој е тивок само кога спие, а потоа ‘рчи! Сепак, го сакам. Куќата е чудна кога тој не е тука да прави врева.

  • Таа сака да шета низ куќата само со еден чорап.

  • Мојот сопруг ја соблекува маицата кога оди во тоалет „по голема“, не сум сигурна зошто.

 

  • Очигледно мојата сопруга не оди по голема нижда. Ние сме заедно околу 15 години и ниту еднаш не сум ја „фатил“. Тоа е вознемирувачки чудно. Можеби е вонземјанин.

 

  • Нејзините чевли. Чевли во дневна, чевли во сала, чевли во бања, чевли во другата бања, чевли под кујнска маса, чевли под масичка, чевли до масичката, чевли во нејзиниот багажник, чевли во мојот багажник. Чевли до креветот, чевли под креветот, чевли на креветот. Чевли.

  • Бев пријателка со мојот сопруг 16 години пред да се вериме и да се всселиме заедно …… Открив дека тој инсистира да спие целосно облечен. Не во маичка и пижами, туку во фармерки и кошула.

  • Моето момче се пресели кај мене пред околу еден месец и не може да затвори фиока ако животот му зависи од тоа, се колнам дека секојпат кога ќе извади нешто од фиока заборава дека не се затвора сама од себе.

  • Жена ми се „мирати„ како хаска.

  • Мојата сопруга не е способна да води евиденција за мали, важни предмети (како клучеви, паричник или мобилен телефон). Ако може да се изгуби, таа ќе го изгуби. Дури и по десет години брак, се` уште сум изненаден од ова.